Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ромска асоцијација за жени и млади „ЛУЛУДИ“: Жените се обесхрабрени во пријавување на насилство

0
By Marija Todorovska on May 5, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 5, 2025 18:57

Ромска асоцијација за жени и млади „ЛУЛУДИ“,  изразува сериозна загриженост за ненавременото постапување и непреземање мерки за заштита на Р.А., која била жртва на семејно насилство од страна на партнерот Н.А., иако таа неколкупати го имала пријавено во подрачната полициска станица во општината Шуто Оризари, на 03.05.2025г при вршење семејно насилство во домот во Шуто Оризари партнерот ја лишил од живот и тоа во присуство на нивното петгодишно девојче. И покрај јавните изјави и сведоштва од блиски лица на Р.А. дека пријавила случаеви на семејно насилство од партнерот, од страна на МВР беше јавно соопштено во медиумите дека Р.А. немала поднесено пријава за семејно насилство, што покренува сомнение дали полициските службеници постапиле соодветно според надлежностите и со должно внимание, и бараме да се утврди одговорност.

Сведоци сме дека родово-базираното и семејното насилство врз жените поради ненавременото постапување од страна на институциите, како и постапувањата од поедини државни службеници кои постапуваат според лични ставови и стереотипи наместо да делуваат според законските прописи, правила и протоколи, во последните неколку години имаме голем број случаеви на семејно насилство врз жени кои завршуваат со убиства – фемициди, велат од Ромскат асоцијација за жени и млади

Тие потсетуваат дека во периодот 2018-2022 година, во Република Северна Македонија имаше кривично гонење во 17 случаи на фемицид заради убивање на 19 жени. Фемицидите, односно убиствата на жени и девојчиња, се една од главните причини за прерана смртност на жените на глобално ниво и претставуваат најекстремна форма на насилство врз жени. Како најекстремна форма на насилство, фемицидите претставуваат закана за безбедноста на жените низ целиот свет.

Од нашето искуство во работата со жените кои се жртви и во ризик од родово-базирано и семејно насилство во нашиот Центар ,,Нана, од индивидуалните и групните средби поради наведените начини на постапување, односно непостапување од страна на надлежните, се забележува една силно изразена недоверба и безнадежност дека нешто ќе се промени. Честопати жените се обесхрабрени во пријавување на насилство или неистрајни во процесирање на случаевите на насилство. И покрај тоа што одреден мал процент од жените, иако си ги знаат своите права, не се осмелуваат да се обратат за помош, особено после ваквите случувања. Присутен е стравот кој го имаат жртвите по својот живот, и по животот на своите деца. А кога ќе се охрабрат да пријават, во најчест случај институциите потфрлаат во пружање на соодветна навремена заштита и целокупна поддршка – кое само го зголемува нивото на недоверба кон институциите и повлекување, велат од „ЛУЛУДИ“.

Тие бараат и апелираат:

• Основното Јавно Обвинителство и МВР итно да спроведат целосна постапка за случајот и да се истражи дали и кој/кои полициски службеник/ци не евидентирале записник/ци од пријавите и поплаките од Р.А. за семејно насилство.
• Основното Јавно Обвинителство и МВР да поведат истрага по итна постапка за (не)постапувањето на сите полициски службеници, вклучително да се изјасни и главниот началник на подрачната полициска станица во општина Шуто Оризари, по претходно поднесените пријави и поплаки за семејно насилство од починатата Р.А. Бараме секое несоодветно и ненавремено постапување на службени лица по спроведена постапка за утврдување на одговорност, очекуваме службените лица да бидат соодветно санкционирани.
• Основното Јавно Обвинителство и Судството да преземат итно процесирање на случајот и одредување на највисока казна за сторителот за извршено убиство – фемицид, вклучително и казна за извршено во повеќе наврати физичко и психичко насилство врз сопругата и сторено психичко насилство и трауми, како и запуштање, нарушување и загрозување  на сигурноста и благосостојбата на трите малолетни деца.
• Основното Јавно Обвинителство и Судството да земат во предвид одредување висока казна за сите лица кои помогнале во прикривање на делото на сторителот.
• Сите надлежни институции, особено Центарот за социјална работа да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на малолетните деца кои ја изгубија својата мајка, обезбедување на соодветна поддршка и помош за надминување на траумата која ја доживуваат, како и поддршка за надминување на траумите кои ги доживеале како сведоци на насилството кое таткото го вршел врз нивната мајка.
• Апелираат до општината Шуто Оризари и до Центарот за социјална работа да се преземат мерки за згрижување, психо-социјална поддршка на малолетните деца, како и поддршка за непречено продолжување на нивниот образовен процес.
•   Апелираат медиумите будно да го следат случајот и со должно внимание да известуваат за овој случај.

Особено е важно да делуваме соодветно во постапувањето на овој случај каде што е изгубен животот на една мајка, а загрозени се животите и иднината на три малолетни деца. За жал, овој случај на фемицид, како најекстремна форма на родово-базирано насилство, во нашата држава не е единствен, а се надеваме со навремено, брзо и ефикасно спроведување на истрага и постапка од страна на надлежните институции ќе придонесе кон превенирање и спречување на вакви случаеви во иднина. Воедно, навремено и соодветно постапување и казнување на сторителите ќе придонесе кон намалување на недовербата на граѓаните, особено на жените кон институциите.

Очекуваме од надлежните институции одговорно да постапуваат по случајот, и понатамошно ќе се превземат сите потребни чекори за надминување на постоечките проблеми и воспоставување ефикасен, сигурен и доверлив систем на превенција и заштита од сите форми на насилство, реагираат од Ромската асоцијација за жени и млади „ЛУЛУДИ“.

лулуди реакција Фемицид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.