Ина Многуфина: Росица (31) барала помош. Барала помош кога ја тепал, барала помош кога и се заканувал, барала помош кога и ја запалил колата, барала помош кога видела дека не и помага никој и се плашела дека ќе ја убие. Ја убил. И нејзе и татко и. И сега ќе тече истрагата по кој редослед и како. Истрагата може да почне од тоа кој не постапувал? СВР Велес, ЈО, не знам, некој не постапувал. Некој сметал дека овој човечки отпадок треба да е на слобода и да може да ја малтретира. Некој не видел проблем во тоа. Прашањето е кој? Тоа сакаме да знаеме, кого плаќаме за помош, а не помага? Зошто институциите не и помогнале на Росица по толку молење за помош? Некој мора да понесе одговорност, Росица и татко и немаат само еден убиец. Со години збориме дека не се постапува, дека треба законот да се смени, ништо. Звук од штурчиња и ветерче во позадина. Кој дозволи убиецот да е на слобода по толку пријави? Кој?
Извор: Фејсбук