Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рот изрази загриженост за ненавременото имплементирање на Договорот од Пржино

0
By Влатко Чаловски on February 2, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Фото: Мета

Државниот министер во германското МНР, Михаил Рот, денеска на дебатата со студентите организирана на Правниот факултет, порача дека решението на политичката криза е во Скопје, а не во Брисел.

Рот порача дека краток е рокот за решавање на кризата и времето е лимитарно за да се спроведат реформите и целосно да се имплементира Договорот од Пржино.

– Сите рокови се пробиени, се опструира работата на Специјалното јавно обвинителство, не се спроведени реформите во медиумите и не е почнато со прочистувањето на Избирачкиот список. Фер и слободни избори се само првиот чекор, а тешкото следува потоа, рече Германецот надополнувајќи дека секоја влада има особена одговорност при вакви ситуации и треба да биде конструктивна при имплементирањето на Пржинскиот договор.

Михаил Рот ја потврди поддршката на Европската унија и на Германија за земјава, но истакна дека најголемите партии на позиција и во опозиција се тие кои треба да придонесат за стабилизација на ситуацијата.

– Политичката криза во вашата земја треба да се реши веднаш, нашите очекувања се јасни поради тоа што на маса имаме политички договор. Има уште малку време за да се имплементираат мерките кои се потребни за да се одржат фер и демократски избори во април. Кризата веќе го забави прогресот во вашата земја, негативниот тренд во демократското владеење е забележлив веќе подолго време. ЕК ги изрази загрижувањата поради назадувањето во слободата на медиумите и независноста на судството…а овие прашања не беа адресирани од страна на владата, рече тој.

Рот ги охрабри младите и граѓанското општество да бидат активни при своите барања и да го кренат гласот.

Според него, проблемот со името надвор од Македонија и Грција не е толку сфатлив но дека е оптимист дека двете страни можат да дојдат до компромисно прифатливо решение.

Осврнувајќи се на бегалската криза, Рот порача дека е потребна соработка помеѓу земјите-членки за да им се помогне на земјите во транзит за да се совлада предизвикот.

Одговарајќи на забелешките од цивилниот сектор, дека тие се чувствуваат игнорирани и немаат доволен увид при решавањето на кризата, како и тоа дека изјавите на еврокомесарот Јоханес Хан се конфузни, Рот побара разбирање за еврокомесарот, чија медијација не се одвивала само на овде, туку како што вели, Хан работел и на други полиња.

Од страна на студентите беше потенцирано дека тие не се навикнати на транспарентност од ваков вид, односно дека тие ретко или речиси никогаш не забележале министер од македонската Влада или пратеник од Собранието, да седне и да дискутира со нив.

Денешната дебата која траеше час и половина, беше организирана од страна на фондацијата Фридрих Еберт.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.