Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рот: На ред е ЕУ да и помогне на Македонија

0
By Нова ТВ on July 11, 2017 ВЕСТИ
Фото А1он
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Време е ЕУ да и помогне на Mакедонија за влез во европското семејство, вие правите се што можете, а сега е на ред ние да го дадеме нашиот придонес, изјави државниот секретар за европски прашања на Германија Михаил Рот по средбата со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

-На оваа земја и се потребни реформи и помирување. Првите чекори на Владата се во вистинска насока, но потребно е и опозицијата да се вклучи во процесот на нивното спроведување со цел да се напредува на патот на евроинтеграциите за што ја имате поддршката од Германија, рече Рот на прес-конференцијата со Димитров.

Одговарајќи на новинарско прашање, Рот истакна дека доколку се испорачаат резултати во однос на бараните реформи, како и во однос на градењето на односите со соседите, тогаш Германија ќе биде обврзана да испорача од своја страна.

– Новата Влада воведе мноштво мерки коишто треба да создадат повторно доверба меѓу другото и со Грција, но и со Бугарија. Сметам дека тоа е токму вистинскиот правец. Ова долго време беше потребно. Сигурен сум дека македонската Влада и понатаму ќе работи на намалување на тензиите и на градењето на доверба. Доколку се пружа раката за дијалог и јас имам очекување од другата страна тие партнери да ја прифатат пружената рака. Никој надвор од Македонија и надвор од Грција не го разбира спорот кој е комплетно апсурден. Мислам дека треба да оставиме историјата да си остане историја и да одиме кон заедничка иднина. Германија е подготвена доколку тоа се побара да даде поддршка во тој правец. Но, навистина ги ценам сигналите што во моментов се праќаат од овде. Тогаш и ние сме обврзани да ја поддржиме Македонија. Кога зборам ние, не мислам само на Германија, туку и на целата ЕУ. За да се отпочнат пристапни преговори потребен е консензус, истакна Рот.

Министерот Димитров, прашан за договорот за добрососедство со Бугарија, рече дека се уште е рано да се објават детали од договорот. Нагласи дека има уште три недели до најавената посета на бугарскиот премиер Бојко Борисов и дека претстојат уште некои чекори во рамки на кои треба да се информираат Владата и други политички актери по што и јавноста ќе биде информирана.

– Соопштувањето сега на прецизни формулации може да влијае на консултациите. Она што можам да го кажам е дека и македонската страна и бугарската страна се раководеа од начелото „ако те уништам тебе, ќе се уништам и себе“. Базата за компромис што ја постигнавме е добра основа да се потпише текст што и ние и Бугарија со горда и исправена глава ќе го потпишеме. Тоа беше целта и мислам дека двете делегации ги напуштија преговорите со чувство дека во рамките на околностите направивме максимум, изјави Димитров.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.