Тито Беличанец: Најголемата трагедија на еден значаен број етнички Македонци од Егејскиот дел е што РС Македонија со сите уставни белези не ја сметаат за единствена остварена држава која им овозможува остварување на државјанство, односно статус на граѓанин кој може да го употребува својот мајчин јазик и сите права и што е најважно од која можат да ги подржат етничките Македонци во соседните земји од кои се прогнани. И преку која ќе можат како членка на ЕУ, преку нејзините институции, (судови и други), да бараат репарација и поврат на имотни и други права кои им се насилно и незаконски одземени. И покрај сето тоа, мавтаат античко знаме кое во едно еуфорично транзициско време беше непромислено прифатено како државно знаме.