Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Румен Радев: Посетата на премиерот Петков на Република Северна Македонија беше избрзана

0
By Ivana on February 1, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според претседателот на Бугарија, Румен Радев, посетата на премиерот Кирил Петков на Република Северна Македонија беше избрзана.

Посетата на премиерот беше избрзана, имав искрени разговори со него, рече претседателот Радев во одговор на прашање. За бугарската дипломатија е важно целосно да го реализира својот професионален капацитет, да не верува на надворешната експертиза, невладините организации и да не подлегнува на надворешниот притисок, рече шефот на бугарската држава.

Секоја избрзана акција на бугарската влада, секој позитивен прелиминарен сигнал може погрешно да се протолкува како некакви отстапки од бугарска страна, изјави Румен Радев.

Запрашан за средбата на претседателот Стево Пендаровски со ОМО Илинден, Румен Радев рече дека за жал постапките и однесувањето на претседателот на Република Северна Македонија не придонесуваат за толку посакуваниот напредок на РСМ кон ЕУ. Секое барање за реципроцитет во граѓанските права е контрапродуктивно.

Македонските Бугари се борат за еднаквост, која ќе биде загарантирана во нивниот устав со регистрирање. Тие се борат за нивна целосна интеграција во јавниот живот на државата, рече претседателот Радев. Тоа е радикално различно од сепаратистичките ставови и малцинските тврдења што ги исповедува народот со кој се среќава претседателот Пендаровски, рече шефот на државата.

Бугарија е секогаш отворена за дијалог. Бугарија цело време иницираше дијалог, кога политичарите на РСМ беа на турнеја низ европските метрополи и ја избегнуваа Софија, но мило ми е што тој дијалог почнува да се случува, рече претседателот. Во контакт сме со претседателот Стево Пендаровски, но ќе бараме погоден момент за средба на високо ниво, секако зависи и од неговите постапки, изјави Румен Радев.

Претседателот Румен Радев одговараше на новинарски прашања пред неговото учество на настанот „Светот напред 2022“ во организација на „Економист“ во Софија, каде што е почесен гостин и говорник.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.