Русија воведе реципроцитет кон дел од земјите кои одлучија да го затворат својот воздушен простор за прелети на руски авиони. Во денеска лиферуваното соопштение се наведува:
– Во согласност со нормите на меѓународното право, како одговор на забраната на европските држави дека обавувањето на летовите на цивилните авиони со кои управуваат руските авиопревозници и/или се регистрирани во Русија , воведено е ограничување на летовите на авиопревозниците од 36 држави, се наведува во соопштението.
Како што е прецизирано , ограничувањата се однесуваат на авио-превозниците од следните земји: Австрија, Албанија. Ангвил, Белгија, Бугарија, Британските девствени острови, Велика Британија, Унгарија, Германија , Гибралтар, Грција, Данска (+Гренланд, Фарски Острови, Територијално море) , Џерси , Ирска , Исланд , Шпанија , Италија , Канада, Кипар , Летонија, Литванија , Луксембург ,Малта, Холандија , Норвешка, Полска ,Португалија , Романија, Словачка, Словенија, Финска, Франција, Хрватска , Чешка Република, Шведска и Естонија.