НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија ѝ испорача противвоздушни системи С-400 на Индија

0
By Sashko on April 15, 2022 СВЕТ
Фото: iranintl.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Индија доби нова серија на противвоздушни ракетни системи С-400 од Русија, објави „Индија тудеј“ (India Today), повикувајќи се на високи извори.

„Според изворите, серијата ракетни системи С-400 била испорачана со брод и веќе е во употреба. Делови од ракетниот систем пристигнале по воздух и море и брзо биле распоредени на нивните одредени места“, пишува весникот.

Русија и Индија потпишаа договор за испорака на С-400 во октомври 2018 година. Како што беше претходно објавено, петте полкови комплети ќе го чинат Делхи 5,43 милијарди долари. Индија стана третиот странски купувач на овие системи по Кина и Турција.

Извори од Министерството за одбрана соопштија дека руските противвоздушни ракетни системи се лоцирани да покриваат делови од границата со Кина и Пакистан.

Постои долгогодишен територијален спор меѓу Индија и Кина за сопственоста на планинска област во северниот дел на Кашмир, како и за речиси 60.000 квадратни километри во североисточната држава Аруначал Прадеш.

Од друга страна, односите на Индија со Пакистан нагло се влошија, особено по терористичкиот напад на индиската воздухопловна база во Патанкот во јануари 2016 година и самоубиствениот бомбашки напад врз конвој на индиската паравоена полиција во Џаму и Кашмир во февруари 2019 година.

Нови тензии настанаа во август 2019 година, кога како одговор на февруарската експлозија, Њу Делхи објави одлука за укинување на државата Џаму и Кашмир, создавајќи две сојузнички територии (административни единици со помалку права од државата): Џаму и Кашмир и Ладах. Пакистан, кој претендира на индискиот дел на Кашмир, остро ја осуди одлуката.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.