Рускиот истражен комитет покрена кривична истрага за ракетниот напад на украинската армија со проектили од типот „Точка-У“ врз Краматорск, при што загинаа најмалку 50 лица, соопшти денеска прес-службата на Истражниот комитет.
„Главниот истражен оддел на Рускиот истражен комитет покрена кривична постапка против командантот на бригадата на украинските вооружени сили и други неидентификувани лица“, се наведува во соопштението.
Тие се товарат за кривичното дело предвидено во точка 1 од член 356 од Кривичниот законик на Русија – Сурово постапување кон цивилно население и употреба на средства и методи на војување забранети со Меѓународниот договор на Руската Федерација, се додава во соопштението.