Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија префрли борбени авиони во Белорусија во пресрет на воените вежби

0
By Mirjana on February 5, 2022 СВЕТ
Photo: Reuters
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Русија префрли непознат број борбени авиони Сухој Су-25СМ во Белорусија, неколку дена пред планираните воени маневри во таа земја, која граничи со Украина.

Авионите се испратени на 7.000 километри од брегот на Јапонското Море до воените аеродроми во регионот Брест во западна Белорусија, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, без да наведе точен број.

Москва планира да одржи воени маневри во Белорусија, нејзин близок сојузник, од 10 до 20 февруари.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу посочи дека во вежбите во Белорусија ќе бидат вклучени помалку од 13.000 руски војници, 300 тенкови, 500 оклопни возила и 3.500 падобранци.

Западните сојузници стравуваат дека Русија можеби планира инвазија на украинска територија. Кремљ го негира ова и за возврат го обвинува НАТО дека ги подгрева тензиите во регионот.

Меѓу различните можни опции, според западни разузнавачки извори е и упад на Русија преку украинскиот регион Донбас, кој е под контрола на проруските сепаратисти. Втората е Русија да изврши инвазија од Белорусија, која е блиску до украинскиот главен град Киев.

Земјите од НАТО преместија повеќе бродови, авиони и војници во Балтикот и Источна Европа во последните недели.

Алијансата ја обвини Русија дека распоредила околу 30.000 војници во Белорусија, вклучувајќи авиони, нуклеарни ракети Искандер, системи за противвоздушна одбрана С-400 и специјални единици на воената разузнавачка агенција ГРУ. Со тоа се зголемува бројот од 100.000 руски војници кои веќе се во близина на украинската граница

воени вежби од 10-20.02 Руски трупи во Белоруссија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Британска армија: Брод се запали во Аденскиот Залив кај Јемен откако беше погоден од проектил

October 18, 2025

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025
ФОКУС

Брисел: Наместо одобрените 70 Македонија од ЕУ ќе добие само 16 милиони евра – не сме ги завршиле „домашните задачи“

ВЕСТИ October 18, 2025

Од 43 милиони евра за реформите до јуни 2025 земјата добива само 16 милиони за…

Локални избори 2025: Изборен молк – гласаат затворениците, болните и немоќните, лицата во старските домови …

October 18, 2025

ЦИВИЛ со нова акција: Прес центар и нтензивна комуникација со јавноста в недела за време на претстојниот изборен ден

October 17, 2025

Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кандидатите уште денеска имаат можност да се претстават пред граѓаните

October 17, 2025
ТИКЕР

Британска армија: Брод се запали во Аденскиот Залив кај Јемен откако беше погоден од проектил

October 18, 2025

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.