Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, соопшти дека ќаќо одговор на протерувањето руски дипломати од Вашингтон, земјата ќе одговори со реципрочна мерка и ќе протера десет американски дипломати од Русија.
Тој додава и дека неговата земја размислува и за други санкции, истакнувајќи притоа дека Русија може да и нанесе „болни“ удари на американските деловни проекти, доколку САД продолжат со своите непријателски чекори.
Претседателот на САД, Џо Бајден, вчера потпиша одлука за санкционирање на повеќе од 30 руски вработени и организации за наводно мешање во претседателските избори во 2020 година и за наводно учество во минатогодишниот случај на сајбер-шпионажа.
Русија остро ги отфрли и двете обвинувања.
Владата на САД најави протерување на десет руски дипломати од САД, а меѓу нив има и пет претставници на руската тајна служба.