Во Русија откриени околу 60 тони јаболка кои содржат високо ниво на пестициди.
Тоа е констатирано по проверката на три увозни контејнери од почетокот на годинава, ја обајвува агенцијата Бета изјавата од службата за контрола на земјоделските производи Росељхознадзор.
Премиерот на Русија Димитриј Медведев неодамна изјави дека увозот на земјоделски производи не е секогаш прифатлив ниту според цената, ниту според квалитетот и како пример ја наведе Србија.
Како што е соопштено од Управата на Росељхознадзор за Калушката област, во февруери биле откриени 311 тони јаболка со високо ниво на пестициди, најголем дел од Полска и Србија.