Кремљ демантира дека Русија била вмешана во ракетен напад врз железничка станица во Краматорск во источна Украина, јавува Ројтерс.
Во изјавата за новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека руските вооружени сили немаат мисии закажани за Краматорск во петокот.
Руското Министерство за одбрана, исто така, негираше дека руските сили се одговорни за нападот, објави руската државна новинска агенција РИА.
Руската државна организација го цитираше Министерството дека ракетата била од тип што ја користела само украинската војска и слична на онаа што го погоди центарот на градот Доњецк на 14 март.