Русија соопшти дека нејзините сили собориле три украински борбени авиони, еден во близина на островот Змија во Црното Море, а другите во регионите на Миколаев и Харков, додека руските проектили продолжиле да гаѓаат цели на истокот на земјата.
Веста прв ја пренесе Ројтерс наведувајќи дека руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили собориле авиони Су-25 во близина на населбите Јевхенивка во регионот на Миколаев и Велика Комишуваха во Харков и Су-24 во близина на Змискиот остров, кој постигна светска слава во првите часови од конфликтот кога стационираните украински граничари таму го отфрлија барањето на руски воен брод да се предадат.
Високопрецизни руски ракети погодија два командни пунктови во украинскиот регион Харков, соопшти Министерството, а исто така погодија и други цели, вклучувајќи складишта за оружје и места каде што беа концентрирани украински војници и опрема. Министерството соопшти дека извршило слични напади во проруските самопрогласени републики Доњецк и Луганск, отстранувајќи и беспилотни летала.