Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руски истражувачки новинар: Путин го „чисти“ кругот на свои блиски луѓе

0
By Sashko on March 23, 2022 НАСЛОВНА, СВЕТ
Фото: bbc.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Советниците на рускиот претседател Владимир Путин се наоѓаат на раб, бидејќи војната на Русија со Украина се претвори во дебакл, откако руските војници се соочени со посилен украински отпор одошто очекуваа“, изјави Андреј Солдатов, руски истражувачки новинар и стручњак за руските воени и безбедносни служби, за „Њујорк тајмс“.

„Изгледа дека на работ се сите“, вели Солдатов.

Солдатов нагласи дека „руските воени неуспеси во едномесечната војна со Украина почнаа да ги откриваат „пукнатините“ во руското водство“, пренесува „Бизнис инсајдер“. Украинскиот отпор во голема мера го забави напредувањето на руската војска, а руските сили од тогаш ги засилија нападите врз повеќе градови во Украина.

„Дефинитивно може да кажеме дека ништо не оди по планот. Советската и руската војска со децении не доживеале така големи загуби за така краток временски период“, вели Павел Лузин, руски воен аналитичар, за „Тајмс“. Поради тоа, Владимир Путин, наводно, почнал да го „чисти“ кругот на свои блиски луѓе.

Претходно овој месец, украинските медиуми објавија дека Путин го отпуштил Роман Гаврилов, шеф на националната гарда. Рускиот весник „Комерсант“, пак, објави дека Гаврилов поднел оставка.

Една недела претходно, Солдатов рече дека меѓу сменетите службеници се нашол и највискиот руски разузнувач, кој бил задолжен за регрутирање на членови и за диверзантски операции во Украина, како и неговиот заменик. Двајцата, како што тврди Солдатов, се ставени во куќен притвор.

Несогласување со инвазијата, пренесува „Бизнис инсајдер“ повикувајќи се на „Тајмс“, изразиле и поранешен службеник на ФСБ, но и група на руските воени офицери кои предупредиле дека инвазијата на Украина би била „бесмислена и исклучително опасна“ и би ја загрозила иднината на самата Русија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.