Руските служби за итни случаи ги истражуваат причините за урнувањето на авионот Боинг 737 во Казан во кој загинаа сите 50 патници.
Персоналот на руското министерството за вонредни состојби пристигна во главниот град на руската република Татарстан рано утрово за да помогне во истрагата.
Комерцијалните летови кон и од аеродромот во Казан се прекинати. Авионот, направил три обиди да слета пред да се урне на аеродромот во Казан. При подготовките за третото слетување Боингот ја загубил височината, се удрил во земјата, се запалил, при што експлодирале резервоарите за гориво.
Сите 50 лица во авионот, 44 патници и шест членови на екипажот загинале во несреќата, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. – Во авионот немало деца, изјави портпаролот на Министерството.
Синот на претседателот на Татарстан, Рустан Миниханов, Ирек патувал со авионот, кој се
урна денеска на аеродромот во Казан, јави ИТАР-ТАСС.
Авионот Боинг 737-500 е на авиокомпанијата „Татарстан“, соопшти руската Агенција за цивилно воздухопловство.
Казан се наоѓа на 720 километри источно од Москва.