Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руските трупи најверојатно извршиле злосторства против човештвото врз Украина, се вели во извештајот на ОБСЕ

0
By Ivana on April 13, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Руските трупи најверојатно извршиле злосторства против човештвото по нивната инвазија врз Украина, соопшти независна истражна комисија.

Извештајот на тројца адвокати од Австрија, Швајцарија и Чешка го нарачаа 45-те земји-членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и е објавен денеска во Виена.

Тројцата експерти не донесоа конечна пресуда дали се сторени злосторства против човештвото. Сепак, тие истакнаа дека одредени обрасци на руското насилство „најверојатно ја исполнуваат таа квалификација“.

Тие вклучуваат насочени убиства и киднапирања на цивили, вклучително и новинари и официјални лица. Според општа дефиниција, масовните или систематски напади врз цивили се сметаат за злосторства против човештвото.

Според извештајот, руските единици јасно ги прекршиле своите должности да ги заштитат цивилите. Во спротивно, бројките на жртвите би биле многу помали, а многу помалку домови, болници и училишта би биле уништени, се вели во извештајот.

– Мисијата откри јасни обрасци на кршење на МХП (Меѓународното хуманитарно право) од страна на руските сили, се вели во извештајот, додавајќи дека не се преземени никакви мерки на претпазливост, ниту пак се поштедени места како училишта и болници.

И покрај негирањата на Русија, во извештајот се вели дека нападот на 9 март на породилиштето и детската болница во Мариупол го извршила Русија и оти одговорните извршиле воено злосторство.

Исто така, се тврди дека нападот на Драмскиот театар во Мариупол на 16 март, во кој беа убиени 300 луѓе, е воено злосторство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.