Во Македонија се обучуваат исламски терористи за самоубиствени бомбашки напади, објавуваат македонските медиуми, повикувајќи се на државното руско радио, чии извори се руски разузнувачки служби.
„Босна, Албанија, Косово, Македонија, јужниот дел на Србија и на Црна Гора во иднина треба да станат обединета исламска држава. Ова е првата фаза од окупацијата на Европа во смисла на исламистичкиот план „Европа 3000“. Терористичките обуки се вршат во „безбедните албански области“, односно во Албанија, Косово и во еден дел од Македонија. Тие оперираат под заштитниот чадор на албанската национална армија (АНА или АКШ), организацијата – наследник на УЧК“.
Според извори на кои се повикува државното руско радио, се регрутираат и обучуваат Босанци и Албанци со словенски изглед за извршување терористички активности. Овие борци тогаш би можеле да патуваат низ целиот свет без да разбудат сомнеж кај полициските и разузнавачките служби.
Овие терористи се нарекуваат „бели ѓаволи“ и добиваат најдобра обука и се подготвени за џихад во цела Европа и Русија.