Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рускоска: Мијалков не може да помине граница, пасошот му е одземен

0
By Нова ТВ on February 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сашо Мијалков не може да помине граница, затоа што му е одземена патната исправа. Дали има уште некоја патна исправа не ми е познато, изјави шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал Вилма Рускоска, во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

Прашана во однос на некои извештаи дека Сашо Мијалков има чешки и хрватски пасош, Русковска рече дека таа нема такви информации.

-Не сум информирана за други пасоши, бидејќи сите предмети што се против него се од поранешното СЈО, така што за патната исправа на РС Македонија знам, а дали има други патни исправи тоа ќе треба да се прашаат колегите од поранешното СЈО. Знам дека кога беше притворен, а потоа пуштен во куќен притвор Јордан Камчев, него му беа одземни две патни исправи, македонска и бугарска, а дали Сашо Мијалков има уште некоја патна исправа не ми е познато, рече Рускоска.

Прашана дали тој може да се појави на граница и да не го покаже македонскиот пасош кој му е одземен и да помине легално со некој друг пасош доколку го има, Русковска рече дека во фаза на судење, каде што му е одземена патната исправа не би смеел да биде пуштен на наша граница.

– Ни формално правно Мијалков не би можел да биде пуштен да ја напушти државата на легален премин. Доколку тоа го направил, а немам сознание дека е така, тогаш тоа го направил нелегално, изјави Рускоска.

Таа посочи дека нема информации дека тој ја напуштил државата и последно што го знае, од разговорите со полиција е дека вршат распит на луѓето околу Мијалков, дека се одземени телефони и персонални компјутери, кои ќе бидат дадени на вештачење.

Според информациите кои таа ги има од полиција, последен пат Мијалков визуелно е забележан во 15 часот како со сопругата влегува во Мериот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.