Властите на Северна Кореја јавно егзекутирале 80 лица во ноември, повеќето од нив за гледање телевизиски серии, прошверцувани од Јужна Кореја.
Јужнокорејски весник JoongAng Ilbo, како што објавува Yahoo news, повикувајќи се на високи извори тврди дека властите на пристанишниот град Wonsan собрале 10.000 луѓе на стадионот за да присуствуваат на стрелањето на осум лица. Егзекуциите, наводно, се одржале на 3 ноември во седум севернокорејски градови.
Повеќето од обвинетите биле осудени на смрт за гледање на телевизиска драма од Јужна Кореја, додека пак некои поради проституција.
“Очајни домаќинки” е една најпопуларните сапунски серии меѓу оние кои се прошверцувани ДВД-а од Јужна Кореја.