Севернокорејскиот амбасадор во Обединетите нации Син Сон-Хо со ново предупредување – непријателството на Вашингтон може да „доведе до војна во секој момент“, потврдувајќи ја понудата за преговори со САД, кои би можеле, според него, да го опфатат и нуклеарното оружје.
Тој на прес-конференција истакна дека САД ги зајакнале тензиите со својата нуклеарна „закана“. Син повтори дека Северна Кореја е подготвена за „широки“ преговори со американската администрација.
Тензиите околу нуклеарната програма на Северна Кореја се зголемија во февруари кога Пјонгјанг ја изврши третата нуклеарна проба, што ја разлути меѓународната заедница и доведе до заострување на санкциите на ОН.