Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

С Македонија одбила понуда за членство во ЕЕЗ – нема алтернатива за членството во ЕУ

0
By Нова ТВ on December 7, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Северна Македонија на денешната конференција за Западен Балкан организирана од Пријателите на Европа, обелодени дека македонскиот државен врв добил понуда за членство во Европската економска заедница, понудата била одбиена затоа што нема друга алтернатива од полноправно членство во ЕУ.

-Некои од нас во регионот, можам да зборувам само за Северна Македонија, добивме понуда од многу високи функционери да станеме членка на Европската економска заедница, јас веднаш ја одбив оваа понуда затоа што овој тип на размислување е катастрофален на долг рок, изјави денеска на конференцијата претседателот Стево Пендаровски.

Тој одговараше на прашања поврзани за тоа дали постои план Б доколку Северна Македонија остане блокирана на патот до членство во ЕУ како што е случај сега со Бугарија.

Пендаровски не кажа од кого дошла понудата, ниту кои други земји од регионот добиле такви понуди, но изјави дека предлозите циркулирале за време на подготовката на новата методологија за преговори со ЕУ.

Претседателот на државата предупреди дека сите алтернативи, регионални или строго економски, се опасни за земјите од регионот бидејќи тие немаат долга демократска традиција и многу лесно може повторно да станат плен за автократски режими.

Истовремено тој и порача на Европската Унија дека е незадоволителна сегашната ситуација со земјите од регионот, вклучително и Србија и Црна Гора кои повеќе од седум години преговараат со ЕУ и не се нималку близу до крајот на процесот.

-Економската интеграција не е доволна ако не следува политичка интеграција, клучно е да одат тие паралелно, она што недостига во Брисел е практична заложба на ангажиран пристап со што ќе се докаже дека западниот Балкан е голем стратешки и геополитички приоритет, изјави македонскиот претседател.

Тој потсети и дека декларираната амбиција на Европската Комисија е од ЕУ да направо глобален геостратешки актер и дека без ангажиран пристап кон регионот тоа нема да биде возможно.

Пендаровски исто така предупреди дека други глобални сили се подготвени да ја пополнат празнината што ЕУ би ја оставила доколку не се заангажира за перспективата на регионот.

-Единствените зборови што сакам да ги слушнам до крајот на оваа година се дека конечно ќе се организира првата меѓувладина конференција, ние сменивме име, направиме промени што ниедна земја не ги направила, тоа беше огромна жртва од страна на оние на власт, и главен влог на мојата кампања, потсети Пендаровски.

На конференцијата учествуваше и министерката за ЕУ на Австрија, Каролин Етстадлер која порача дека ЕУ е моментално преоптоварена и со други теми како буџетот и Брегзит, и дека доколку нема преговори оваа година, треба да се биде трпелив до следната, иако, како што рече, ја разбира фрустрацијата. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.