“Со цел да се одржат добри избори, вие имате потреба од функционална Централна Изборна Комисија, која треба да биде резултат на политички консензус“, изјавил американскиот амбасадор во Тирана, Александар Арвизу, јавува Радио Слободна Европа.
Во јуни во Албанија треба да бидат одржани парламентарни избори и албанската влада и опозицијата веќе ги објавија своите предизборни коалиции.
Поларизацијата меѓу двете главни партии и бавното темпо на реформите го успориле процесот на интеграција на земјата во Европската унија, пишува Слободна Европа, повикувајќи се на МИА.