„Соединетите држави им честитаат на Бугарија и на Македонија за потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка“- се наведува во соопштението на американскиот Стејт департмент.
Во него понатаму се вели : „Овој важен, прогресивен договор ги признава веќе силните врски меѓу двете земји и ја отвора вратата за уште поблиска соработка, која оди и понатаму во различни области како инфраструктурата и културата. Потпишувањето на овој Договор ќе придонесе за политичка стабилност и економски развој во поширокиот регион и нуди охрабрувачки пример за тоа како разликите меѓу соседите може да се решат мирно“.

