Помошникот – државен секретар Викторија Нуланд изјави дека САД се охрабрени од дијалогот Белград-Приштина и од напредокот постигнат под покровителство на ЕУ.
„САД даваат целосна поддршка за тој процес и во тоа е потребна наша понатамошна поддршка, за да може двете држави да ја исполнат својата цел и во целост да се интегрираат во европските структури“ – рече Нуланд на трибина на Атлантскиот совет во Вашингтон.
Нуланд додаде дека САД се разочарани од ситуацијата во БиХ и вели дека „ако лидерите во таа држава продолжат да блокираат напредок кон ЕУ и НАТО“, САД и други меѓународни партнери треба да го преиспитаат својот пристап.