САД и ЕУ во заедничка изјава ги повикаа лидерите на политичките партии да обезбедат граѓаните слободно да ја изразат својата воља.
Во недела, граѓаните на оваа земја ќе имаат можност да гласаат за да изберат свој претседател и претставници во Собранието. Кредибилни и транспарентни избори се носечки столб на секоја демократија. ОБСЕ/ОДИХР ќе врши проценка на целиот изборен процес, врз основа на меѓународните стандарди и на домашното законодавство.
Претставниците на САД и на ЕУ во Скопје ги повикуваат лидерите на политичките партии, како и релевантните државни функционери да обезбедат услови во кои сите граѓани ќе можат да ја изразат својата воља непречено и слободно.
По изборите во недела, очекуваме да работиме со новоизбраните лидери на земјата и со партиите во опозиција за зајакнување на политичкиот дијалог, фокусирајќи се на клучните реформски приоритети и движејќи ја земјата напред на патот кон евро-атлантска интеграција, се вели во заедничката изјава на САД и ЕУ.