САД и Кина постигнаа договор за воведување нови санкции кон Северна Кореја поради минатомесечната нуклеарна проба. Советот за безбедност на ОН синоќа соопшти дека денеска ќе одржи затворени консултации за Северна Кореја.
Северна Кореја изведе нуклеарна проба на 12 февруари и таа беше веднаш едногласно осудена од меѓународната заедница
Советот за безбедност минатиот месец ја нарече нуклеарната проба на Пјонгјанг „тешко кршење“ на три резолуции на ОН со кои на Северна Кореја и се забрануваат нуклеарни и ракетни проби.