Според државниот секретар на САД, Џон Кери, неговата земја и нивните сојузници во предвид имаат уште две земји кои би помогнале да се уништи хемиското оружје на Сирија, пренесува Ројтерс.
Државниот секретар Кери вели дека не постои загриженоста дека планот за елиминацијата на оружјето ќе пропадне, истакнувајќи дека Организацијата за забрана на хемиското оружје има за задача до крајот на годината да го изнесе оружјето од Сирија.
„Всушност ние активно разгледуваме две други алтернативи кои можат целосно да го осигураат уништувањето, како и почитувањето на роковите“, потенцира Кери, без да ги посочи точните земји што прифатиле на нивна територија да биде уништено хемиското оружје од Сирија.