Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД: Иран го поддржува меѓународниот тероризам

0
By Нова ТВ on May 31, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

САД го обвинија Иран дека го поддржува меѓународниот тероризам, на ниво коешто не било забележано со децении, според американскиот Стејт департмент.

Во исцрпниот извештај за светскиот тероризам кој Стејт департментот го изготвува за Конгресот а достапност до него имаат и медиумите, американското министерство за надворешни работ не отстапува од линијата усвоена во претходниот извештај за 2012 година. Земјите кои се наоѓаат на „црната листа на Вашингтон” како оние коишто го поддржуваат тероризмот и натаму остануваат, Иран, Сирија, Судан и Куба.

Во текот на 2012 година дошло до зголемувањето на државната поддршка на тероризмот, сметаат САД, укажувајќи на либанската шиитска милиција на Хезболах поврзана со Иран, особено во војната во Сирија.

„Иранската терористичка активност и онаа на Хезболах дојдоа до ниво кое не е забележано од 1990 година, со атентати кои се подготвуваа во југоисточна Азија, Европа и Африка”, се наведува во извештајот на Стејт департментот, вбројувајќи го и атентатот од бугарскиот град Бургас во јули 2012 година кога загинаа шест израелски туристи кој му се припишува на Хезболах, како и плановите на Кипар и Тајланд.

Како и во извештајот за 2011 година, Стејт департментот оценува дека сржта на Ал Каеда е „на патот кон поразот”, благодарејќи на смртта на Осама бин Ладен, убиен во американската операција во Пакистан во мај 2011 година, и на акциите на беспилотните летала на границата меѓу Пакистан и Авганистан.

Куба, исто така, сé уште се наоѓа на американската црна листа на држави коишто го спонзорираат тероризмот. Иако во САД се водеа расправи за тоа дали треба Куба да биде оставена на овој список, Вашингтон ја обвинува Хавана дека е засолниште на колумбиските бунтовници, баскиските милитанти и американските пребзи. Двете земји, инаку, немаат официјални дипломатски однос.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.