САД не верува дека сириските бунтовници употребиле хемиско оружје, изјавувајќи дека „многу се скептични“ околу изјавите на Карла Дел Понте.
Независната комисија за истрага се дистанцираше од изјавата на Карла Дел Понте, комесар на независната меѓународна комисија на ОН за истрага за Сирија, која изјави дека идејата не е изненадувачка, со оглед на инфилтрацијата на странски борци во сириската опозиција.
Оваа изјава на Дел Понте беше дадена за една швајцарска телевизија, каде таа рече дека жртвите и докторите кои ги третирале индицирале употреба на гасот сарин.
Сепак, Меѓународната волонтерска организација,Лекари без граници, која работи во четири болници кои се под контрола на бунтовниците во Сирија, изјави дека не сретнала пациенти кои страдале од употреба на хемиско оружје.
Од друга страна, Карла дел Понте, изјави на италијанско-швајцарска телевизија дека наодите дошле по интервјуа со доктори и сириските жртви во соседните земји.