Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД под притисок да им помогне на посиромашните држави со справувањето со пандемијата

0
By НОВА ТВ on May 10, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Отприлика од средина на Јануари навака, бројот на заразени со Корона вирусот во САД значајно опаѓа. Ова се должи главно на масовната вакцинација која се случува низ земјата. САД е исто така земјата каде имаат седишта две од големите фармацевтски компании – Фајзер и Модерна – кои развија вакцини против Ковид-19 со помош од огромни државни средства.

САД достигнуваше рекорден број на случаи во Јануари – 250 000 на ден – а сега дневниот број на случаи се движи околу 43 000 што не е страшна бројка со оглед на тоа што САД има популација од скоро 330 милиони жители. Околу 58% од возрасните Американци примиле барем една доза од вакцината и околу 113 милиони луѓе сега целосно вакцинирани.

Овие бројки се многу ветувачки за САД и се индикатор дека е сосема возможно САД да стигне до 70% делумна вакцинација до 4ти јули (денот на независноста на САД) како што е целта на претседателот Џо Бајден. Но на крај овие статистики се само симбол на вакцинациската нееднаквост низ светот. За сега САД не даваше вакцини на други држави додека не се достигнеше целосна вакцинација на американското население – политика која има добиено доста критики.

Светската Здравствена Организација (СЗО) известува дека на светско ниво пандемијата е значително полоша во последните две недели отколку во првите шест месеци. Односно, практично се случуваат две различни пандемии: една во богатите земји каде што полека се отвараат економиите и се намалува бројот на Ковид случаите заради масовната вакцинација додека надвор од западот владите на посиромашните земји се молат за вакцини со големите фармацевтски компании.

„Пандемијата е далеку од завршена“, се вели во изјава од Уницеф. „Ковид-19 случаите растат со застрашувачка брзина низ јужна Азија, особено во Непал, Шри Ланка и Малдиви. Цели здравствени системи може да пропаднат, што ќе доведе до потрагично губење на живот. Покрај јужна Азија, гледаме и алармантни ситуации во други делови на светот.“

Сепак, во последно време има и неколку позитивни знаци дека САД до некаде се залага за вакцинациска еднаквост како дел од нејзината надворешна политика и Ковид дипломатија. САД најави дека ќе донира 60 милиони дози од вакцините произведени од фирмата Астра Зенека за Индија (за целосна заштита од Ковид-19 потребни се две дози од Астра Зенека вакцината). Мора да се напомене дека вакцината од Астра Зенека не е одобрена за користење во САД (иако е одобрена за користење во ЕУ) што ја комплицира оваа донација на САД.

Најпозитивната вест која дојде од САД пред само неколку дена кога американската амбасадорка за трговски прашања, Кетрин Тај објави дека САД ќе поддржи делови од таканаречениот TRIPS waiver во Светската Трговска Организација (СТО) само за Ковид вакцините. Односно Тај соопшти дека администрацијата на Бајден го поддржува привременото укинување на законите за интелектуална сопственост за Ковид-19 вакцините за да истите може да бидат произведени низ целиот свет, а не само на западот.

Но брзо после оваа голема вест од САД, Германија кажа дека нема да го поддржат TRIPS waiver и со тоа ги блокираше преговорите во СТО за ослободувањето на патентите на Ковид вакцините чии патенти се заштитени преку Светската Трговска Организација. СТО функционира преку принципот на консензус така што мора сите членки да се согласат за да се донесе одредена одлука.

Сепак, дури и со моменталниот застој во преговорите околу ослободувањето на интелектуалната сопственост на Ковид вакцините, САД дефинитивно може да направи повеќе за да не колабираат здравствените системи низ светот. На пример, САД може поактивно да помага на Индија која сѐ уште има многу висок број на Ковид случаи – повеќе денови по ред во Индија има над 350 илјади случаи на ден, а многумина сметаат дека таа бројка е далеку повисока.

„Можеме да зборуваме за улогата на глобалниот империјализам во пандемијата: фактот дека Индија е најголемиот производител на вакцини во светот и имаме среќа што сме во оваа позиција каде индиските компании може да произведуваат вакцини,“ ми кажа Тања Шарма мастерс студент на правни студии во Делхи, главниот град на Индија.

„Но, за жал, сепак сме зависни од меѓународните заедници за некои ресурси, како што видовме со повлекувањето на суровините од страна на САД. Мислам дека она што САД го направија беше класичен глобален империјализам. Очигледно, тие отстапија и на крај ги испратија ресурсите, но мислам дека позицијата на Индија влијае и на меѓународно ниво.“

Во интервју со Democracy Now! Лори Волах, директорката на Public Citizen’s Global Trade Watch исто така додаде дека не само што е морално САД да помогне со глобалната вакцинација на светот и со спречувањето на пандемијата, туку дека тоа е дури и во нивен интерес.

„Тоа е себично во интерес на Соединетите американски држави, бидејќи ние можеме да ги вакцинираме сите [американци]. Администрацијата на Бајден до сега заврши одлична работа, но ако има нов кластер на инфекции на кое било место, може да се развијат варијанти кои се отпорни на вакцините, кои се поубиствени и поинфективни варијанти на вирусот. И сите ние повторно ќе завршиме во глобален локдаун ако не ги имунизираме сите луѓе во светот во што е можно пократок период,“ рече Волах.

Не е јасно дали САД ќе им помогне на посиромашните држави во овие тешки времиња, но едно нешто е јасно: САД може да им помогне на милиони луѓе низ светот со своите ресурси за време на пандемијата. Прашањето е дали тоа ќе се случи или пак администрацијата на Бајден ќе се запамети како крајно несолидарна администрација.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.