Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД: Поддршка за привремено укинување на закони за интелектуална сопственост за Ковид вакцините

0
By НОВА ТВ on May 6, 2021 СВЕТ
epa09065200 A nurse prepares the Russian Sputnik V vaccine against coronavirus - disease (COVID-19) during vaccination at Jane Sandanski Polyclinic in Skopje, Republic of North Macedonia, 10 March 2021. North Macedonia continues its coronavirus disease (COVID-19) vaccination campaign of medical workers with Russian Sputnik V vaccine. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 6, 2021 16:38

Денес на самитот на Светската Трговска Организација (СTO), САД објави дека администрацијата на Џо Бајден и Камала Харис ќе го поддржат привременото укинување на дел од закони за интелектуална сопственост за Ковид вакцините. Американската амбасадорка за трговски прашања, Кетрин Тај го напиша следното:

„Ова е глобална здравствена криза и вонредните околности на пандемијата КОВИД-19 бараат вонредни мерки. Администрацијата верува силно во заштитата на интелектуалната сопственост, но во функција на ставање крај на оваа пандемија, го поддржува откажувањето од заштитата за вакцините КОВИД-19. Активно ќе учествуваме во преговори засновани врз текст на Светската Трговска Организација (СТО) потребни за тоа да се случи. Тие преговори ќе одземат време со оглед на консензуалната природа на институцијата и комплексноста на вклучените прашања.“

САД претходно ги блокираше преговорите во СТО – многумина сметаат дека ова се должи на фактот што повеќе блиски советници на Бајден имаат блиски врски од фармацевтската индустрија и некои од нив, како советничката за домашна политика Сузан Рајс која поседува акции од вредност од 5 милиони долари во компанијата Џонсон и Џонсон. Но под притисок од страна на активистички групи, политичари од демократската партија и прогресивни политичари, меѓу кои и независниот сенатор и поранешен кандидат за претседател Берни Сандерс, администрацијата на Бајден ја промени својата одлука. Исто така преку 100 држави членки во СТО привременото тргање на дел од закони за интелектуална сопственост за Ковид вакцините, но за сега не и државите од Европската Унија.

Какви закони се во прашање?

Спорните закони за интелектуална сопственост се познати како TRIPS (Trade-Related Aspects of Intellectual Property Rights). Многу е важно да се напомене дека моменталните преговори во СТО се само за некои аспекти од овие закони за да може да се овозможи производство на вакцини во различни држави.

Во најновата епизода на популарниот подкаст Citations Needed посветен на медиумска критика, водителите Нима Шерази и Адам Џонсон зборуваат за TRIPS и за како различни организации, меѓу кои и Oxfam, сакаат да се укинат TRIPS законите или барем привремено да не важат за Ковид вакцините кои тие ги сметаат за јавно и многу потребно добро. Шерази и Џонсон објаснуваат дека скоро сите критики насочени спрема овие организации доаѓаат од луѓе кои се финансирани од фондацијата на милијардерите Бил и Мелинда Гејц или имаат личен/финансиски интерес за постоењето на овие закони. Шерази и Џонсон сметаат дека само со привремено или целосно укинување на TRIPS законите, како и тренинг и помош од страна на тие кои веќе знаат како да ги произведат вакцините, би можело да се реши кризата во Индија и други држави каде нема доволно вакцини. Односно, преку можноста за држави низ целиот свет да произведуваат свои вакцини, наместо светот да зависи од „доблеста“ на побогатите држави, Ковид кризата би можела побрзо и подемократски да се реши.

Некои сметаат дека е тешко да се постигне вакцинациската еднаквост дури и преку систем како COVAX кој се залага за некаква правична дистрибуција на Ковид вакцини заради TRIPS законите. Односно многумина сметаат дека главниот проблем е што вакцините заради заштита на интелектуална сопственост се сепак произведени на централизиран начин во одредени земји кои после тоа би требало да ги дистрибуираат тие вакцини низ светот. Односно, оваа централизирана продукција се должи на фактот што вакцините против Ковид кои се измислија се заштитени преку закони за интелектуална сопственост каде патентот за овие вакцини го поседуваат приватни компании, а не јавноста.

Така што моментално само некои компании имаат право да ги произведуваат овие вакцини што значи дека посиромашните земји треба да зависат од дистрибуцијата на вакцините од страна на побогатите земји наместо тие земји да можат сами да ги произведуваат вакцините. Овој начин на продукција е прво апсурден од хуманитарен аспект, односно дека секој човек заслужува пристап до вакцина која може да му го спаси животот. Но исто така не смееме да заборавиме дека вложени се големи суми на државни пари во истражувањето и развојот на овие вакцини само за сега компаниите кои ги произведуваат вакцините да заработуваат огромни профити по цена на човечки животи.

„Првиот чекор е добивање на информациите, кои, патем, веќе ги плативме. Инвестирани се сто и десет милијарди долари на глобално ниво, пренесени се во фармацевтската индустрија од владите, во САД, во Европа, а сепак ги немаме потребните вакцини,” рече Лори Волах, директорката на Public Citizen’s Global Trade Watch, напоменувајќи дека мора во што е можно поскоро време да се вакцинира светското население бидејќи ако тоа не се случи ќе се развиваат нови варијанти на вирусот. За вакцинациската еднаквост да стане реалност, Волах вели дека е неопходно да се има привремено укинување на TRIPS законите во врска со Ковид-19 вакцините.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.