САД со предупредување до авионските компании кои имаат директни летови за Русија дека терористите кријат експлозив во пастите за заби. Министерството за безбедност издало предупредување само еден ден пред почнувањето на Зимските Олимписки игри во Сочи.
Како што објавува BBC станува збор за „информација за секој случај“ и не е познато дали постои некоја конкретна опасност.
Неименуван извор вели дека Американците стравуваат дека експлозив од паста за заби би можело да биде употребен или во авион или во Сочи.
Американците во Црното море сместија два воени брода. Стравот од терористички напад се зголеми по експлозиите во Волгоград минатата година, кога терористите најавија напади за време на одржување на ЗОИ.