Американското воено воздухопловство лансираше ново беспилотно летало големо колку борбен авион кое за прв пат полета од палубата на американски носач на авиони.
X-47B беше лансиран како тест лет вчера од “Ју Ес Ес Џорџ Буш”, во близина на брегот на Вирџинија.
Тоа ја елиминира потребата за дозвола за користење бази од други држави.
Официјални лица на воената морнарица велат дека новото беспилотно летало ќе го користат за разузнавачки цели, како собирање податоци, надгледување и нишанење.
Морнарицата на САД, соопшти дека X-47B е далеку поголем од претходникот Предатор. а има три пати поголем опсег, и може да биде програмиран да ги извршуваат мисии, наместо да се наведува со далечинса контрола.
Овој потег доаѓа во време на зголемени критики за употреба на беспилотни летала од страна на САД, кои ги користат за смртоносни напади против осомничени терористи.