Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД: Власта се пресметува со неистомислениците

0
By Сашка Цветковска on April 19, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вечерва Стејт Департемнтот во Вашингтон ги промовираше извештаите за човекови права за 2012 година.

“Најкритичниот проблем од областа на човековите права е неуспехот на Владата целосно да го почитува владеењето на правото што се гледа во неуспехот да се почитувааат парламентарните процедури, мешањето во судството и медиумите, селективното гонење на политичките противници и значителното ниво на владина корупција и полициска неказнивост. Покрај политичкото мешање во судството, фаворизирањето, мешањето и корупцијата ја забавуваат правдата. Тензиите помеѓу Македонците и Албанците, како и дискриминацијата врз Ромите и другите помали етникуми се уште една област од човековите права која претставува предмет на загриженост.

Имаше веродостојни докази во текот на годината дека владата се мешала во високите случаи на злоупотреба на службена должност за да ги принуди службените лица или членовите на партија или пак, за да ги заплашува политичките противници”, се вели во воведниот збирен заклучок од извештајот.

Извштајот има забелешки и за новите членовите на Уставниот суд, нотирајќи дека дел од избраните судии се во директни роднински или индиректни поинакви врски со раководни лица во владејачката партија, или пак, дека ги немаат потребните кфалификации.
Македонија повторно е земја со политички затвореници, откако во извештајот од минатата година за прв пат во оваа неславна графа беше нотирано дека земјата има политички затвореници. Исто како лани, тоа и годинава е Љубе Бошковски.

“Во Март судот го осуди Љубе Бошковски на седум години затвор за илегално финасирање на политичка кампања. Во Јули властите отворија истрага против Бошковски како нарачател на двојно убиство од 2002 година. ”

Во делот на мешањето на властите во домот, приватноста, семејството и комуникацијата на граѓаните, Стејт Департментот го забележува зголемениот тренд на вадење партиски книшки за да се дојде до работа во државната администрација, но особено ја посочува лустрацијата како средство за пресметка со неистомислениците.

“Владата ја користи лустрацијата како средство за напад врз политичките противници и поранешните нелојални членови. Во Јуни парламентот усвои нов закон за лустрација кој содржеше бројни елементи од претходните закони кои два пати паднаа како неуставни на Уставниот суд. Дел од случаите кои беа објавени открија дека мнозинството од идентификуваните како лустрирани биле, всушност, жртви на комунистичката тајна полиција, а не полициски доушници.
-Владимир Милчин, професор по драма и директор на фондацијата Институт Отворено Општество во Македонија, како и гласен критичар на Владата, беше јавно идентификуван како соработник на тајните служби, односно лустриран од страна на владата и покрај тоа што тајната полиција всушност, го набљудувала, испрашувала и малтретирала Милчин за време на комунистичката ера, според неговото досие кое тој го доби согласно законот ”, пишува во извештајот.

Во делот за слободна на медиуми, извештајот генерално оценува дека слободата е ограничена, а владата го попречува критицизмот.

“Според законите, индивидуалците можат да ја критикуваат владата јавно или приватно, но има извештаи кои кажуваат дека владата се обидува да го попречи критицизмот”, забележува Стејт Департментот.
-Многу е мал и ограничен бројот на независни медиски гласови кои беа активни и изразуваа разноликост од ставови без рестрикции, генерално преку интернетот.Медиумите и понатаму се поделени по политичка и етничка линија. Владата и понатаму е најголемиот огласувач и ги фаворизира медиумите и новинарите кои владата ги смета за пријателски. Дел од новинарите се пожалија дека биле принудени да известуваат позитивно за Владата или во спротивно ќе ги загубат работните места.
-Владата практикува финансиски притисок со цел да известувањето во медиумите да биде по линија на нејзините политики. Има извештаи кои кажуваат дека Владата ги притиска медиумите и новинарите да практикуваат самоцензура,” пишува Стејт Департментот

Споменати се и настаните како затворањето на А2 телевизија и отказот на главниот и одговорен уредник на Дневник, Зоран Андоновски. Посветен е и значителен ден на настаните од 24 Декември кога новинарите беа истерани од Собранието.

Регистрирани се бројни проблеми во областа на корупцијата како и критики на адреса на функционирањето на независните тела за борба против корупцијата, односно Антикорупцсиката комисија.

Целосниот извештај можете да го прочитате на овој линк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.