Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Саем на македонска традиционална храна „Домашно, природно, вкусно“

0
By Blerina Tahiri on December 15, 2023 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Саем на македонска традиционална храна насловен „Домашно, природно, вкусно“, ќе биде одржан утре во Скопје City Mall. Како што соопштуваат од Националната федерација на фармери, сите посетители на саемот ќе имаат можност да го искусат најдоброто од домашно произведените продукти, подготвени и изложени од рурални жени, млади земјоделци и лица со попречености.

Оваа иницијатива е во организација на Националната  федерација на фармери и Скопје City Mall, поддржана од проектот „Поддршка на пазарните врски за руралното население со акцент на лицата со попреченост, руралните жени и други ранливи групи”.

Проектот се реализира со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка GIZ, во рамките на проектот „Поддршка на диверзификацијата на економските антивности во руралните подрачја на Југоисточна Европа (SEDRA II)”.

-Ве покануваме да бидете дел од овој настан, да го поддржите традиционалното и вкусното, и воедно да испратиме заедничка порака послание за еднаквост и интеграција, порачуваат од Национакната федерација на фармери..

Додаваат дека саемот не е прилика посетителите  да уживаат само  во вкусната македонска традиционална храна, туку и можност за образование и поддршка. На 20 штандови ќе бидат изложени најразновидни производи како што се лутеници, ајвар, природни сокови, путери, мармалади, маџун, мед, домашна храна, ракотворби и домашно произведена козметика.

Во рамките на овој настан, ќе се одржи и работилница со наслов „И ние, лицата со попреченост, имаме право на еднаквост и пристап до сите услуги и можности”. Целта на работилницата е да ја подигне свеста за предизвиците што ги искусуваат лицата со попреченост од руралните средини и да ги промовира правата и благосостојбата на овие лица во нашето општество.

Националната федерација на фармери посочува дека преку овој настан се обидуваат  да ја зголемат  свеста за предностите што произлегуваат од интеграцијата на лицата со попреченост, младите и жените од руралните средини во социјалниот и економскиот живот. Оваа иницијатива е шанса  заеднички да се создадат позитивни промени,порачуваат организатрите и ги повикуваат сите да бидат дел од неа и да ја поддржат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.