Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сали: Да ги засукаме ракавите, сите експерти да се вклучат во работата на Комисијата

0
By Biljana on January 31, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сали вели поканата e јавна и се однесува на сите експерти.

„Сега не е време да гледаме на кој начин и во каков формат била упатена поканата до професорите експерти, туку во услови на пандемија мора сите да ги засукаме ракавите и да дадеме свој придонес за што поскоро да излеземе од оваа здравствена криза“, вели министерот за здравство Беким Сали. Изјавата на Сали доаѓа по вчерашната реакција на тројцата лекари, Драган Даниловски, Никола Пановски и Вело Марковски, кои му забалежаа на министерот дека не ги повикал лично да бидат дел од Комисијата за заштита од заразни болести, туку поканата ја упатил преку социјалните мрежи. Сали вели, поканата била јавна, а се однесувала на сите експерти од фелата.

„Во овој случај, преку директен пост на Фејсбук ги поканив тројцата почитувани професори. Во услови на пандемија, во случај кога ние се бориме со еден вирус, мислам дека не би требало да постапиваме во начинот како сме повикани, туку треба да пристапиме позитивно кон поканата и да бидеме членови на Комисија или работни групи, каде се судруваат или се дискутираат агрументи со цел доаѓање на некое одредено привремено или трајно решение“, вели министерот Сали.

Сали вели дека Комисијата заседава секој вторник и ја евалуира епидемиолошката состојба од претходната седмица. Тој вели, оти лично секојдневно работел во насока на надградување на Комисијата за заштита од заразни болести.

Во однос на моменталната епидемиолошка состојба, министерот признава оти  веќе десетина дена има благо покачување на бројот на хоспитализации поврзани со Ковид 19.

„Ја контролираме ситуацијата, капацитети на кревети има сосема доволно, и од асапект на кадар сме добро организирани, нам ни останува да почекаме малку за бројот да почне да се намалува“, вели министерот.

Во однос на нови рестриктивни мерки, министерот вели дека засега нема потреба од воведување на нови рестрикции. Пикот на вирусот се уште продолжува, па затоа надлежните велат дека укинување на сертификатите нема да има.

(Б.Б.)

Беким Сали Комисија за заразни болести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.