Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сали: Постои голем отпор кон вакцината, лицата се жртви на пропаганда

0
By Sashko on February 9, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Напорите за имунизација на населението против коронавирусот се силни, но ефектот е незадоволителен. Има пациенти кои се жртви на пропаганда, на теории на заговор, има отпор кон вакцината што не е јасно зошто се прави. Имаме протоколи за лекување на заразени лица со ковид-19 кои се напишани уште во 2019 година, меѓутоа можеби сме мрзеливи да читаме 30-тина страници материјал. Ова се дел од пораките на министерот за здравство, Беким Сали во вечерашното гостување во „Само вистина“ на Канал 5.

Посетив неколку ковид-центри низ државата и видов дека медицинскиот персонал вложува максимални напори, но жално е што бројот на вакцинирани граѓани е низок. Гледаме и пациенти кои се жртви на пропаганда додека ние се трудиме да ги развиваме нашите позитивни политики, истакна министерот Сали за односот на здравствените работници кон пациентите и, генерално, кон справување со ковид-кризата, но и за незадоволителното ниво на вакцинација на населението.

Во делот на протоколите за лекување на пациенти кои се позитивни на коронавирусот, Сали нагласи дека постојат. Креирани се уште во 2019 година од професори од Клиниката за инфективни болести по избувнување на пандемијата во Вухан. Материјалот од 30-тина страници го опиша како обемен, меѓутоа рече имало случаи на лекари кои се воделе по протоколи од соседните земји за што, сепак, истакна дека не е грешка.

Протоколот за лекување на ковид пациенти е дистрибуиран до сите здравствени институции. И јас лично го имам видено. Прилично е обемен, на 30-тина страници и во него е јасно наведено како треба да се постапува во одредени ситуации. Во изминатите две години, тој протокол претрпел измени врз основа на соевите на коронавирусот што се појавија во нашата земја. Искрено жалам што одредени лекари и институции не го следеле протоколот и дејствувале врз основа на кратки протоколи на соседни држави. И тоа не е грешка, но не можеме да речеме дека нема протокол кај нас. Ние можеби сме само мрзеливи да читаме протокол од триесетина страници, рече Сали.

Состојбата со коронавирусот во земјата, напомена Сали, се анализира на неделно ниво и врз основа на заклучоците се носат и одлуки, се преземаат чекори. Но, министерот вели дека општеството има отпор кон вакцинацијата што е голем проблем.

„Пикот на омикрон сојот е во благ пад, но сме во фаза на хоспитализации. Од аспект на кадар и на капацитети, здравствени власти имаат доволно за згрижување на пациентите. Она што е голем проблем е отпорот во општество кон вакцинацијата за што немаме финално решение. Меѓутоа и натаму ќе продолжиме со апелите за имунизација и обезбедување на доволни количини на дози на вакцините против коронавирусот, порача Сали.

С.Д.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.