Грчкиот премиер Самарас се сретна со генералниот секретар на ООН, Бан Ки Мун. По средбата Самарас не одговорил на новинарско прашање поставено во врска со овој спор.
„На средбата со генералниот секретар на ОН разговаравме за различни прашања кои, би кажал, се од глобално значење и познати прашања што ја засегаат Грција. Имавме многу плодна дискусија и ова беше можност да му ги објаснам на генералниот секретар грчките ставови и мислења, изјавил Самарас.
Според информациите на државната агенција МИА, Бан Ки Мун побарал од Самарас интензивирање на преговорите, за да се најде решение за спорот со името.