По протестите и критиките ширум Грција и Европа околу затворањето на грчкиот државен медиум ЕРТ, премиерот Антонис Самарас понуди ЕРТ делумно да започне да емитува програма.
„Би можел да биде оформен привремен комитет со широка меѓупартиска подршка, која би ангажирала мал број на вработени во ЕРТ и со тоа би можело веднаш да се започне со емитување на информативната програма“, изјави Самарас.
ЕРТ имаше повеќе од 2.500 вработени пред да биде ненадејно затворена за да се заштедат пари поради тековната рецесија.