Грчкиот премиер Андонис Самарас изјави дека неговата земја ќе помогне доколку Скопје сака да влезе во Европа. Но, оваа порака на Самарас дадена на говорот на деветтиот конгрес на Нова демократија се однесува на можноста само доколку Скопје се откаже од иредентизам и се согласи на едно име за сите употреби, кое нема да задира во карактерот на грчка Македонија.
Освен тоа, Самарас порача дека проблемите што постојат во соседните земји „не треба да се кријат под тепих“ туку да се решат и земјите да се обединат:
-Проблемите кои постојат во земјите од соседството треба да се решат, а не да се ставaат работите под тепих. Ние сакаме мирно да живееме со нашите соседи, ако сака Скопје да влезе во Европа ние ќе им помогнеме, но тие треба да се откажат од нивниот иредентизам. И да се согласат за едно име за севкупна употреба кое нема да задира во грчка Македонија, изјави рече Самарас.
Дописникот на македонската ТВ Канал 5 од Атина, јави дека откако Самарас завршил со делот посветен на Македонија, му се слошило и не го продолжил говорот, туку побарал да седне.
Според оваа ТВ, која се повика на информации од Кабинетот на Самарас, тој имал гастроентеритис и заради набиената агенда му се слошило. Правејќи пауза од 10 минути, Самарас го продолжил говорот на Конгресот.