Грчкиот премиер Андонис Самарас синоќа замина во тридневна посета на САД, а во четврток ќе се сретне и со претседателот Барак Обама.
По средбата со Обама, Самарас во Њујорк ќе има одвоени средби со градоначалникот Мајкл Блумберг, генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и претседателот на Американскиот еврејски комитет Дејвид Харис.
Провладиниот весник „Катимерини“ во текстот за средбата на Самарас со Обама потсети дека „Вашингтон е подготвен да се активира за решавање на кипарскиот проблем и прашањето за името“ на Македонија, додека весникот „Парон“ пишува дека Обама ќе изврши голем притисок врз Самарас.