Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сами во мракот

0
By Нова ТВ on November 10, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

САМИ ВО МРАКОТ

Автор: Ристо Лазаров

Замрачувањето на сонцето е природна појава. Доаѓа и си заминува: кога бевме деца го гледавме со зачадени стакленца, сега за тоа има модерни очила. Но важно е што замрачувањето секогаш трае колку што трае, како еден од безбројните докази на минливоста.

И кај Марко Цепенков има запишано една: се отвора темница, се затвора темница… А и народот, сетики, не вели џабе: дури на едниот не му се стемни, другему не му се разденува. Призвучува и како дијалектика на животот.

Но, има огромни мрачни полиња создадени некој да си игра мижитатара со народот. Цели епохи протатнуваат низ полињата на мракот, неброени луѓе се заточеници на мижитатарата. И денес.

Секој мрак си има свои господари, фанатични вљубеници во мижитатарата. И си мислат, господарите на мракот, дека баш мракот е ќебе за покривка (преку глава) за сите нивни валканици, скривница за сите нивни валканици. Не знаат (или не сакат да знаат, толку да им чуе) дека нема валканица што на крајот на играта не излегува на виделото на денот. Како што нема лудило, што на крајот на краиштата, ако не бива поинаку се спаструва во лудница. За тоа се лудниците – за згрижувања на лудилата, од секаков вид.

Господарите на мракот си мислат дека се ем недопирливи, ем вечни. Двојна самопрелага. Воопшто не го разбираат значењето на минливоста и на празнината во која цапаат и што оставаат зад себе. Ветер им влегол во главите, вејки на ветрот.

Недопирливоста, нели, подразбира оддалеченост од животот и на госпорадите на мракот баш им е фино во таа оддалеченост. Наложуваат да се градат нови и нови тунели, нови полиња на мракот. Заслепени и аздисани, не можат ни да претпостават дека низ тунелите што ги градат за другите, всушност, самите итаат кон сопствениот крај. Добро, најчесто треба некој и да ги поттурне на тој пат, да поитаат. Некои патишта се именуваат: пат на свилата, пат на виното… Има, има и пат на кутрулот. Поплочен со гласачки ливчиња, на пример. И со негување на отпорот.

Некои господари на мракот градат посебни тунели и полиња за посебни еснафи. За медиумите, на пример. Денеска, при толку сателити и електроника! Личи на бајрам со умот, ама понекогаш успева. Тоа како посебно да ги развеселува господарите на мракот: цел еден еснаф да турнат во нивните тунели. Ако не милум – силум.

Само на прв поглед звучи парадоксално: секој мрак, па и секоја празнина, си има своја боја, со различен интензитет. Нема безбоен мрак. А има полесно и потешко совладливи мракови. Ама, сепак, совладливи. Им нема спас, дури и кога еснафите, медиумски, на пример работат ударнички, ѓоа доброволно, од силна верба. Кога ќе видиш, поданик без силна верба и не се бидува. Прават секакви гунгули, најмногу такви што ги веселат господарите. Отпосле може ќе се каат, ама отпосле е доцна, после мракот нема каење.

Во мракот, опкружени од сопствената фела, можете да се најдете и сами – во одбрана на фенерчето што го осветлува образот на професијата. И што интересите и правилата на професијата ги става над се’. И како скромен доказ за тоа дека мракот не е семоќен и бесконечен. Таквите осаменици ги забележуваат дури откако ќе аплативно ќе се види заканата од најтотална темница и им поставуваат недоветни прашања – те како опстануваат сами, те како се опираат на тежеста на мракот… Прашувачите или имаат кусо паметење, или не сакале да видат дека осамените, всушност, отсекогаш си биле такви, само не им биле во видното поле на прашувачите кои, можеби, биле зафатени со други активности, навивачки можеби.

Понекогаш, како се курдисани, така размислуваат и прашувачите. Сакаат околу опстојот на фенерчето на осамените да сплетат разни црно-бели приказни. Ги фалат, не дека не ги фалат осамените, ама не ја потскриваат мислата дека некој друг им ја крепи осаменоста. А работата е проста како грав: приврзаност кон правилата на професијата и точка. Тоа не подразбира безгрешност, ама не подразбира и задолжителна припадност на навивачки групи. За независен еснаф првин требаат независни глави, потем може да се распредуваат и приказните за сопствениците, пардон, “газдите” на еснафите. Медиумите, де.

Да бидеш осамен среде општата хистерија, не значи да бидеш догорче на времето. Можеби повеќе жарче на некое ново време, без тунели и полиња на мракот.

На свој грб чувствуваме дека освен осаменици во која и да е фела, медиумската на пример, се случува да има осамени и цели општества, додека други општества сеират надмено и се прават дека не догледуваат баш најдобро, а ја гледаат и на ѓаволот дупката. Едно е да гледаш, друго е да се правиш дека гледаш. Лесно е да се правиш на три и пол: на општествата, како и на фелите во општествата, кога им претежнува мракот, кога навистина им е многу тешко – им се подава рака. Не валкана.

Знаеме, не дека не знаеме: секој мрак завршува како капка ентропија, се распаѓа и го остава зад себе смрдежот на распаѓањето. И празнината си остава свој смрдеж. Има недобројни видови смрдежи.

Не, навистина нема мрак што вечно трае, како што нема ни школка што не се отвора.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.