По Виена во 2014 година и Берлин во 2015 година, денеска во Париз се отвора третиот самит помеѓу ЕУ и балканските земји.
Иницијативата за овој самит ја изнесе Германија пред три години за да може ЕУ поефикасно да им дава поддршка на балканските кандидати за членство во нивните реформски напори и тоа преку конкретни иницијативи.
Овој пат самитот во Париз ќе се фокусира на две големи теми: развој на инфраструктурата во енергијата и транспортот за да се олесни поврзувањето на регионот со другите делови на континетот со што ќе се фаворизира економскиот развој и иницијативи за младите за да се олесни мобилноста во регионот и во ЕУ со цел да се зголеми способноста на младите од Балканот во нивниот иден професионален живот што е фактор на доближување до ЕУ.
На самитот учествуваат шефови на држави и влади и министрите за надворешни работи и економија. Ќе биде организиран и Бизнис форум на кој ќе се разговара за можни инвестиции.
Австрија, Германија, Франција, Италија и Словенија ќе ја претставуваат ЕУ а од Балканот во Париз патуваат Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија.
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан пред почетокот на Самитот на твитер порача дека ова е шанса за соработка за заедничка рпомоција на мирна и просперитетна иднина за овој регион, за поттикнување на реформите кои ќе обезбедат потребна динамика во процесот на проширување, кој пак треба да се фокусира на квалитет, наместо на брзината, а придружувањето треба да биде победничка ситуиација и членките и за кандидатите.

