Како што пишува Блиц, за големиот број гости на Самитот на Неврзаните во Белград, над сто делегации предводени од шефови на држави и на влади како и за над петстотините делегати, ангажирани се околу 6000 луѓе, 200 офицери за врска, 300 возачи, готвачи, келнери, 100 млади луѓе од угостителските училишта и уште 200 доброволци. Храната се готви според халал и хинду стандарди, а на гостите им е достапна и молитвена соба.
Домаќини се Србија и Азербејџан, а во Белград присуствуваат рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу како и министрите за надворешни работи на Иран, Ирак, Кувајт, Бразил, Венецуела, Куба, Бразил и Саудиска Арабија.
За време на состанокот, ќе се одржи бизнис форум, на кој ќе се разговара за инфраструктурните, економските, извозните и инвестициските потенцијали на Србија со можни и сегашни партнери.