Во Центарот на Скопје се отвори првата од осумте читални, којашто ќе го носи името на македонскиот писател и академик Славко Јаневски.
Роза Топузова-Каревска од општина Центар, испрати АПЕЛ до граѓаните, доколку се во можност да донираат дела од домашната колекција со името на писателот Јаневски бидејќи заслужуваат да се наоѓаат во читалната која го носи неговото име.
Од 4000 книги како што нагласи Каревска, најголем дел се донација на „Култура“ на Трифун Костовски, потоа книжарниците на „Матица“, „Младинска книга“ и „Матица на иселениците“. Од нив само 11 дела на Славко Јаневски.
Во следниот период, општина Ценар планира да отвори уште седум читални, кои ќе ги носат имињата на познати македонски писатели.