Дури 34 % од македонските граѓани не го поддржуваат проектот „Скопје 2014“, покажуваат податоците од последната анкета на Инстититот Димитрија Чуповски, спроведена телефонски на примерок од 2.000 луѓе.
На прашањето „во колкава мера го поддршувате проектот Скопје 2014, 39, 2 отсто се изјасниле дека до некаде го поддржуваат, дури 34 % не го поддржуваат, 24, 4% го поддржуваат во целост, а останатите или не сакале да одговорат или немале став по ова прашање.
На истото прашање, поставено на етничките Македонци, позитивно односно целосно го поддржуваат 28 проценти, а делумно 42 проценти, додека 27 отсто негативно се изјасниле по овој проект.
Во анкетата направена кај етничките Албанци пак, 14 проценти се изјасниле дека целосно го поддржуваат проектот, додека 26 проценти делумно, а огромни 57 проценти пак воопшто не го поддржуваат проектот.
На прашањето „Во колкав степен вам лично ви се допаѓа барокниот стил на градбите од проектот Скопје 2014″, истиот воопшто не им се допаѓал на 25 проценти, а сосема им се допаѓал на 21 процент од анкетираните.