Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Само двајца од заразените јаделе свински врат, за останатите надлежните не знаат

0
By Менче Атанасова Точи on August 8, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Само двајца од заразените со опасната бактерија листерија јаделе од сецканиот свински врат од Екстра меин, за останатите надлежните незнаат дали конзумирале од овој сувомеснат производ на кумановската фирма, потврдија за НОВА во Комисијата за заразни болести, и покрај тоа што токму овој производ и оваа компанија беа посочени дека се извор на заразата.

Според инфомации до кои дојде НОВА мајката на новороденчето од Кочани кое почина од листериозна сепса, воопшто не јадела свински врат, ниту било какви сувомеснати производи, за да може преку млекото да го зарази и своето бебе.

Оваа информација ја потврдија и во Центарот за јавно здравје во Кочани. За 55-годишната жена која почина од истата бактерија немаат прецизни податоци бидејќи семејството не знаело што јадела пред да се разболи.

-Во епидемиолошката анкета дадена од мајката на новороденчето нема податок дека мајката јадела свински врат. Таа објасни дека не јадела сувомеснати производи во последно време, но и дека вообичаено не конзумира таква храна.

Втората пациентка од Кочани која почина од бактеријата листерија веќе беше хоспитализирана на Инфективната клиника и за неа немаме прецизни податоци што јадела. Нејзиниот син не знаеше да каже што јадела мајка му, изјави за НОВА Благица Ѓурковиќ, директорка на Центарот за јавно здравје во Кочани.

И покрај тоа, службите во Центарот за јавно здравје во Кочани земале мостри од производи и површини од продавниците каде што починатите и нивните блиски најчесто пазарувале, но бактеријата листерија не е најдена.

Оттаму велат дека нема поврзаност меѓу овие два случаи, ниту пак дека јаделе свински врат.

Како што неофицијално дознаваме од Комисијата за заразни болести, Министерство за здравство одлучило да го објави името на фирмата заради предострожност на граѓаните.

Она што официјално го потврдија е дека генотипот од бактеријата најден кај заболените се совпаднал со генотипот на бактеријата што е пронајдена во свинскиот врат. Комисијата со 98 проценти сигурност потврди дека вакумираниот сецкан свински врат на Екстра меин е причинител на болеста која одзема четири животи, а петтмина заболеа.


– За два случаи со сигурност е утврдено дека јаделе од свинскиот врат, за останатите се претпоставува. Треба време за да се утврди кој е причинителот на заразата. И во Европа ваквите анализи се прават со месеци, изјави за НОВА Јованка Костовска раководител на секторот за превентивна заштита и член на Комисијата за заразни болести.

Експертите кои се занимаваат со оваа проблематика се зачудени како Министерството ја најде поврзаноста на спорниот свински врат на Екстра меин, кој беше повлечен од маркетите со останатите заболени. Како теоријата ја поврзаа со праксата.

Она што засега е заедничко за сите четворица починати велат епидемиолозите, е што скоро сите спаѓаат во ризичните групи. Еден од починатите е на возраст од 72 години, вториот е на 59 годишна возраст, а за новороденчето се смета дека е во ризичната група. За 55 годишната жена нема информација дали имала некоја хронична болест или пак била со послаб имунитет.

Во меѓувреме засилени тимови во сите градови во државата земаат мостри во маркетите и ги праќаат на испитување. Лабораторијата на Факултетот за ветеринарна медицина е затрупана со мостри, вработените вршат вонредни анализи и се преморени од работа, потврди деканот Дине Митрев.

Директорот на Агенцијата за храна Дејан Рунтевски за НОВА изјави дека се земени мостри од машините и од работните површини од истиот лот( спорната серија на свински врат која што беше повлечена) и дека резулатите се очекуваат во понеделник.

Досега девет луѓе заболеа, а четворица починаа за само еден месец. Починатите и заболените се од Скопје, Кочани, Охрид, Гевгелија, Македонски брод и Неготино. Нема заболени од Куманово каде Екстра меин има најмногу продавници.

Надлежните донесоа предлог мерки дури по објавување на првите смртни случаи, иако некои од нив биле хоспитализирани 30 дена претходно. Објавувањето на резулатите од анализите и името на фирмата беа објавени дури два месеци по првиот заболен случај.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
ФОКУС

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

ВЕСТИ October 10, 2025

Добитничка на Нобелова награда за мир рече дека ја посветува наградата на страдалниот народ и…

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.