Само што почна 81-та седница на Собранието на Република Северна Македонија која е со единствена точка на дневен ред Информација за содржината на Предлог- преговарачката рамка за пристапните преговори со ЕУ, на која треба да се изгласаат и заклучоци кои потоа ќе и се испорачаат на владата , е дадена пауза , на барање на заменик координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Дафина Стојановска.
Таа побара процедурален настап на говорницата каде го искина листот односно информацијата доставена од Владата до пратениците и рече дека бил повреден Деловникот, зашто било која информација што доаќала од било која институција, вклучително и од Владата, а поради која се прекинува тековна седница, во случајот за ребалансот на Буџетот, требало прво да помине на комисиска расправа па да се најде на пленарна седница. Стојановска го нарече листот хартија односно информацијата за францускиот предлог ништовен бидејќи станувало збор за одлука за меѓувладина конференција, што требало да е тоа одлука на Владата а не на Собранието односно пратениците.
„Современите македонски администратори поднесоа лажен документ кој го кинам пред вас, рече пратеничката Дафина Стојановска.
Видеото почнува на – 48.47 минута.
(М.Т.)