Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Санација на кровот на манастирот „Св. Богородица“ во с. Вељуса

0
By Нова ТВ on April 16, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во тек е санација на кровниот покривач на манастирот „Св. Богородица“ во с. Вељуса, Струмица.

Во рамките на санацијата која ја вршат стручни лица за конзервација од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј-Струмица, се работи на комплетно чистење на надворешноста на објектот, како и на зацврстување на прозорците на куполите со специјални материјали. По санацијата ќе се продолжи со конзерваторските истражувања во делот на архитектурата на манастирот, фрескоживописот, подните мозаици, како и санација на влагата на дел од фасадата која е уникатна по начинот на изведба.


Проект е одобрен со програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура. Реализацијата на овој проект ќе овозможи да се зачува изворниот изглед на манастирот, кој е бисер на средновековните споменици во Македонија и на кој досега се вршени само интервентни зафати за заштита од протекување, а поголеми санации не се изведувани во последните 30 години.

Манастирската црква „Пресвета Богородица Милостива” е подигната од струмичкиот епископ Мануил. Овој сакрално-културен споменик и духовно средиште од 11 век зазема мошне високо место во македонската црковна и културна историја и е вреднуван како еден од најмаркантните културно-историски споменици на почвата на Македонија.

Во манастирот се одвивала значајна творечка, препишувачка и преведувачка активност. За одбележување е некогашното богатство на колекцијата од икони со сребрени и позлатени опкови и со богата орнаментика. Манастирската црква до денес е активна и од 1996 година функционира како женски манастир во којшто се негуваат истите монашки вредности воспоставени уште во периодот на раното христијанство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.